
Ноктите не се само украс на вашите раце, тие се и огледало на здравјето, а за да бидат убави и уредни, а не постојано да се лупат и пукаат, не ви требаат постојани посети на маникир, туку само малку време.
Покрај редовната нега на ноктите со природни маски и купки, обидете се да се храните правилно. Затоа што убавите нокти се секогаш во мода.
Маски и купки
За вашите нокти да изгледаат подобро, масирајте ги со мешавина од шеќер (за мазност), маслиново масло (за влажност) и сок од лимон (за благо избелување). Земете по една лажичка од сите три состојки, измешајте сè и втријте со кружни движења во ноктите и кутикулите. Оваа постапка треба да трае 5-10 минути. Ова ќе ја подобри циркулацијата на крвта на кожата под ноктите.
Лакирање без последици
Еве неколку корисни совети за поздраво лакирање.
* Повремено направете пауза од лакирањето
* Не користете средства за отстранување лак со ацетон бидејќи ги уништуваат и сушат ноктите
* Имајте на ум дека ноктите лесно може да потемнат ако често користите темноцрвени или виолетови нијанси на лак. Доколку не можете да се откажете од омилената боја, задолжително претходно нанесете заштитен слој од проѕирен лак.
Маска за нокти

Можете да направите маска од јаболков оцет, мед и кокосово масло. Измешајте по една лажица од сите состојки и премачкајте ги и измасирајте ги ноктите и областа околу ноктите. Оставете да делува до 15 минути, а потоа исплакнете.
Купка за нокти
Во сад со топла вода додадете неколку капки есенцијално масло од рузмарин и сок од еден лимон. Потопете ги прстите и држете околу половина час. Оваа купка е идеална за нега на ноктите, но и на кожата наоколу. По неколку третмани, ноктите ќе престанат да се лупат, ќе станат поцврсти, а кожата ќе биде помека.
Пробајте го следново: сварете мал компир, изгмечете го и додадете една лажица масло од авокадо (маслиново) и сок од половина лимон. Добиената смеса втријте ја во ноктите и кожата наоколу. Оставете околу половина час да се исуши, а потоа исплакнете со топла вода.
Убавината доаѓа одвнатре
Ако вашите нокти не изгледаат убаво, и покрај редовната нега, можеби не се храните правилно.
Еве неколку совети на оваа тема.

Јадете почесто моркови, тиква и млечни производи
Ако вашите нокти се кршливи, може да имате недостаток на витамин А и калциум. Почесто треба да јадете моркови, тиква и млечни производи.
Дали вашите нокти се виткаат надолу? Веројатно ви недостасува фолна киселина, протеини и витамин Ц. Треба да јадете соја, месо, спанаќ, пиперки и киви.
Ако вашите нокти имаат вертикални бели линии, тоа е најверојатно поради слаба апсорпција на минерали или протеини, како и недостаток на витамин Б12 и железо. Грицкајте суво грозје и пробајте да пиете пивски квасец.
Белите дамки на ноктите укажуваат на тоа дека ви недостасува калциум и цинк, поради што треба да јадете млечни производи и спанаќ.