Толку меко и сочно што постојано ќе го правите: Пенасто пециво со полнење од јаболка

popara26 септември, 20221min00
pecivo1 (1)

За појадок, но и како ужина можете да послужите пециво со јаболка.

Толку е сочно и меко што малкумина ќе му одолеат.

Состојки:

200 мл млеко
1 јајце
100 гр квасец
350-400 гр брашно
1 лажичка шеќер
малку сол
2 лажици масло

Подготовка:

Квасецот измешајте го во млако млеко, додадете шеќер, а кога ќе запени додадете масло од јајце и брашно. Посолете малку, замесете мазно тесто. Кога тестото малку ќе одмори, развлечете го потенко и исечете го на ленти. Излупете ги јаболката, извадете го центарот и исечете ги на кружни прстени со дебелина од прст. Пресечете ги лентите на два дела, а потоа завиткајте ги јаболката низ отворот. Се премачкува со масло и се редат во намрсен плех. Покријте да одмори, премачкајте со масло по желба и печете на 180 степени 30 минути. По желба посипете го со шеќер. Пријатно!