ТОЈ Е ВИСТИНСКИОТ: Пет знаци дека сте во врска со вистинската личност

8 февруари, 20220
189920884861fa8617d4ffd415083083_640

Го запознавте партнерот од соништата и веќе некое време сте заедно. Сакате да верувате дека сте создадени еден за друг, но сепак постои дел од вас кој се сомнева дека такво нешто е возможно во овој наш несовршен свет.

Постојат пет знаци кои можат да ви откријат дали навистина сте во врска со вистинската личност или вашата интуиција ве изневерува.

Се чувствувате спокојно

Задоволни сте во врската и не сонувате за тоа како би било да се биде со некој друг. Можеби секој ден не ви е исполнет со среќа и благосостојба, но тоа не ве вознемирува премногу, бидејќи знаете дека покрај себе имате личност која неизмерно ве сака и почитува.

Не се потпирате само на вашиот партнер за да ве направи среќни

Свесни сте дека вие сте креаторот на вашата среќа и дека тоа е здрав став, кој го симнува товарот од вашиот партнер. Врските во кои едната личност очекува другата да ја направи среќна не функционираат на долг рок, бидејќи во такви околности неизбежно е едниот партнер да се туди многу повеќе за задоволство на другиот отколку тој за него, што на крајот неизбежно предизвикува чувство на запоставување и огорченост кај првиот партнер.

Го прифаќате партнерот со сите негови предности и недостатоци

Помеѓу вас и вашиот партнер постои разбирање дека ниту еден од вас нема да се обиде да го промени другиот. Го прифаќате партнерот таков каков што е, а тој го има истиот однос кон вас. Притоа, сосема е нормално да му ги откривате вашите најинтимни тајни на партнерот, без страв дека тој ќе си поигрува со вашата доверба. Ако некој ве сака и почитува кога е целосно запознаен со вашите добри и лоши страни, тоа е знак дека сте во врска со вистинската личност.

Имате исти долгорочни цели

Повремените несогласувања се нормални во секоја врска. Она што е важно е да ги делите истите долгорочни цели со вашиот партнер. Наизглед сериозни романси обично завршуваат кога нема договор за приоритетите меѓу партнерите. Ако, на пример, вие сакате деца, а вашиот партнер не, или тој би сакал да живее во странство, а вие сакате да останете во земјата, нема количина на љубов што ќе ве држи заедно.

Имате еднаква желба вашата врска да успее

Секоја врска порано или подоцна се соочува со проблеми. Она што и овозможува опстанок е подготвеноста на партнерот да разговара за спорните прашања и да најде решенија кои ќе им одговараат на двајцата. Некогаш, се разбира, е неопходно да се направи компромис за повисока цел, особено ако сакате да го поминете животот со сегашниот партнер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi