„Тој е само обично ЃУБРЕ“: Крис Прат повторно предизвика гнев кај луѓето заради односот према неговиот син

popara24 јуни, 20221min00
341286_kris-prat_ff

Крис Прат, познатиот актер, неодамна го прослави својот роденден и во еден чин предизвика бурни реакции кај неговите следбеници на социјалните мрежи.

Имено, странските медиуми пренесуваат дека актерот роденденот го прославил во рамките на семејството, со сегашната сопруга Кетрин Шварценегер и ќерките. Неговиот син, кој актерот го има со Ана Фарис, не бил на прославата.

Крис и неговата сопруга во последно време уживаат со новородената ќерка, па може да се каже дека актерот е прекрасен и грижлив татко. Сепак, поради една грешка, тој стана еден од најомразените луѓе во Холивуд.

Kris Prat sa Anom i sinom

Минатата година сакаше да ѝ се заблагодари на сопругата што роди здраво дете, а не размислуваше како тоа ќе се одрази на неговата поранешна сопруга со која доби син, кој има сериозни здравствени проблеми.

– Луѓе, погледнете како ме гледа! Мислам, навистина. Сакам да најдете некој што ќе ве гледа вака! Се сретнавме во црква. Таа ми даде прекрасен живот, убава, здрава ќерка, џвака толку гласно што понекогаш морам да ставам чепчиња за уши, но тоа е љубов! Тоа ми помага во сè. За возврат, повремено ѝ отворам тегла со кисели краставички. Нејзиното срце е чисто и ми припаѓа мене. Таа е моето најголемо богатство. Нејзиниот роденден е за околу 6 недели. Значи, ако не ѝ купам ништо дотогаш, ќе ѝ кажам да го прочита овој пост. Те сакам, душо – напиша тогаш Прат.

Kris Prat sa novom suprugom

Поради ваквата објава, актерот се најде на мета на критики во јавноста, бидејќи звучеше многу непристојно да ѝ се заблагодари на сопругата што роди здрава ќерка, како Ана да сакала да роди болно дете.

И покрај сите коментари, Крис не се воздржува јавно да ги коментира ќерката и новата сопруга, додека синот ретко го спомнува, а се зборува дека не го ни поканил да го прослави роденденот.

Како резултат на тоа, следеа нови критики и уште поголемо незадоволство што луѓето го чувствуваат кон него.

– Синот на Крис Прат и Ана Фарис е роден со церебрално крварење кое оставило неизбришливи последици по неговото здравје и подвижност. Многу е важно сега да се пофали дека конечно доби здраво дете. Крис Прат е само ѓубре – го повикаа во коментарите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma