
Доколку сакате да имате убава и нежна кожа, сигурни сме дека овој рецепт добро ќе ви дојде.
Пилинг е третман за чистење на лицето кој вклучува отстранување на мртвите клетки од површината на кожата. Она што дополнително се постигнува со овој третман е отстранување на вируси, бактерии и други микроорганизми на кожата.
Благодарение на пилингот се стимулира регенерацијата на кожата на лицето, која ќе „дише“, а бидејќи нечистотијата се отстранува од порите, количината на себум се нормализира.
Дерматолозите препорачуваат пилинг еднаш до двапати неделно, но исто така истакнуваат дека е многу важно да не се претера, бидејќи постои можност да се добие контра ефект.
Ако претерате со овој пилинг, кожата може да стане почувствителна, поцрвена, да се лупи и може да се формираат рани.
Освен куповните пилинзи, можете да си направите и дома, од природни состојки.

Потребно е:
половина чаша шеќер (бел или кафеав кристален)
половина чаша масло (кокосово или маслиново)
неколку капки есенцијално масло (по избор)
Измешајте ги состојките и чувајте ги во стаклена тегла, па употребете по потреба.
Доколку сеуште имате дилема дали да направите пилинг, ви ги даваме 5-те најголеми придобивки од овој третман:
Ги отстранува мртвите клетки од кожата
Ги ублажува флеките и лузните
Дава сјај на кожата
Дава мекост на кожата
Ги намалува порите