Иако убави, сервисите со такви дамки изгледаат матно и валкано, а доколку не се третираат навремено на вистински начин, дамките подоцна тешко се отстрануваат.
Повеќето луѓе во витрините го чуваат наследениот сервис, кој е во семејствата со генерации. Свечен е, квалитетен и се користи само во посебни пригоди.
Но, на таквите сервиси често се појавуваат дамки од долго стоење, што е особено карактеристично за керамиката.
Иако убави, сервисите со такви дамки изгледаат матно и валкано, а ако не се третираат навремено на вистински начин, дамките подоцна тешко се отстрануваат.
Но, и тоа не е невозможно, бидејќи во тоа можат да ви помогнат старите добри сојузници од вашето домаќинство. Станува збор за сода бикарбона и паста за заби.
Ако се одлучите за користење на сода бикарбона, посипете со сода по целата чинија, додадете неколку капки вода и направете густа паста.
Рамномерно распоредете ја пастата на површината на садот и оставете да делува неколку минути. Потоа избришете ги дамките со крпа.
Ако вашиот сојузник во борбата против дамките ќе биде пастата за заби, нанесете ја со чиста четка и истријте ја дамката.
Доколку е потребно, повторете ја постапката додека не исчезне дамката. Измијте го садот темелно и оставете го да се исуши.