
Сечкањето кромид не мора повеќе да биде ноќна мора
Сечењето кромид понекогаш може да одземе многу време, дури и ако имате остар нож. Овој одличен трик многу ја олеснува работата. Исто така, нема да остави непријатен мирис на вашите раце кој тешко се измива.
Се што треба да направите е да го изрендате кромидот наместо да го сецкате! Дупките на рендето ќе го иситнат кромидот на мали парчиња за неколку секунди. Иако се малку нерамни, можете брзо да ги поминете со нож и спремни сте за готвење.
Не само што овој трик е брз и лесен, туку рендето раствора делови од кромидот што го прави помек и сочен додека се пржи или пече. Токму ваквиот посочен кромид ќе го нагласи вкусот на вашето јадење!