Трик со кој ќе се ослободите од кутикулите преку ноќ!
Уредните раце и нокти се задолжителни.
Рацете, т.е. ноктите се огледало на уредноста и хигиената, како и грижата за себе. Не е важно дали ноктите се долги, кратки или лакирани – важно е само да се негувани и уредни.
Она што често го расипува изгледот на рацете се кутикулите, кои освен што не се пријатни за око, често знаат да бидат болни, па дури и да крварат.
Кутикулите се формираат како последица на недостаток на хидратација, т.е. сува кожа која пука. Многу е важно редовно да ги подмачкувате рацете со крем за да бидат секогаш хидрирани и меки.
Но, ако сакате да се ослободите од кутикулите преку ноќ, постои еден генијален трик. Се што ви треба е хидратантна крема која во дебел слој ќе ја нанесете на рацете, а потоа нанесете уште еден дебел слој вазелин и ставете гумени, т.е. медицински ракавици. Важно е да спиете со ракавиците во текот на ноќта за кремот и вазелинот да се апсорбираат во кожата.