Трик со помош на кој задната страна од тавчињата ќе заблеска: Се што ви треба веќе имате во домот

14 август, 20220
cast-iron-42295791920-830x0

Овој проблем ќе стане минато

Тавата за пржење е дел од садовите кои речиси секој човек ги користи секојдневно при приготвување на оброците, а токму тоа е причината што прилично брзо се валка.

Домаќинките знаат колку е тешко темелно да се измие тавчето со маснотии и остатоци од изгорена храна. Сепак, има многу поголем проблем што им задава главоболка на повеќето луѓе, а тоа е неговата задна страна.

Кај овој проблем не помагаат силните хемиски средства за чистење, но, за среќа на сите домаќинки, постои едноставно решение за оваа навидум нерешлива ситуација.

За овој трик ви требаат:

– прстофат сол

– метална жица

– прстофат сода бикарбона

– детергент

– 100 мл оцет

– салфетки

Посипете сол и сода бикарбона на задниот дел од тавчето, а потоа истурете детергент, околу 50 милилитри. Сè добро протријте со метална жица, а потоа покријте го дното на тавата со салфетки и прелијте ги со оцет.

Оставете да отстои 10 минути, а потоа извадете ги салфетките и измијте ја тавата со детергент и млака вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi