ТРИ главни правила го одредуваат ОБЛИКОТ НА ВЕЃИТЕ: Потребен ви е само молив

16 март, 20220
881a539b90db482e13f5cb959eb7bc3db3e5a554

Се случува да имаме форма на веѓи што всушност не оди со нашето лице.

Без оглед на модата, обликот на веѓите е многу важен детал бидејќи погрешниот избор може да го промени изразот на вашето лице. Одберете го стилот сами бидејќи веѓите може да се средат така да изгледаат природно, полни, тенки, лежерни или прецизно дефинирани… Можете да ги истакнете очите, да го нагласите секое расположение, желби, емоции.

На квадратно лице избегнувајте нагласена лак со шпиц за да не ви изгледа уште поостро лицето. На тркалезно лице му одговараат веѓите со висок лак бидејќи имаат поостар агол од другите форми, а пожелно е да бидат со средна густина. Издолженото лице треба визуелно да се прошири, што се постигнува со продолжување на веѓите кон рабовите на лицето. Веѓите на срцолико лице треба да бидат дискретни. Не ги нагласувајте премногу за да не привлекувате внимание, тие треба да бидат поуредни и потенки.

Речиси секоја форма на веѓи одговара на најскладното овално лице. Без разлика какви се карактеристиките на вашето лице, постојат три правила во техниката за обликување на веѓите:

  1. Внатрешниот крај на веѓата треба да биде на исто ниво со внатрешниот агол на окото и врвот на ноздрата.
  2. Централниот дел на веѓата мора да биде на исто ниво со зеницата на окото и врвот на ноздрата.
  3. По правило, надворешниот крај на веѓата треба да биде на исто ниво со надворешниот агол на окото и врвот на ноздрата.

Веѓите на дамите со темна коса треба да бидат за нијанса-две посветли од косата, а ако сте русокоси нека бидат за нијанса-две потемни. Никогаш не ги тенчете веѓите премногу, бидејќи таквата форма му дава на лицето премногу сериозен, дури и строг изглед. При дефинирањето, прво засенчете ги со молив со прецизен врв, пополнете ги сите празнини и изедначете ја бојата и на крајот исчешлајте ги со четка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi