Три големи ПРОМЕНИ кои се случуваат во телото ако престанете да јадете ЛЕБ!

27 февруари, 20220
hleb-2048x1365

Доколку не можете да замислите оброк без леб, вистинската агонија за вас веројатно би била целосно да ја исфрлите оваа храна од вашата исхрана.

Од друга страна, добро е да се види какви навистина би биле ефектите од фрлањето леб од трпезата.

Нутриционистите посочуваат неколку големи промени кои ќе се случат во организмот по отстранувањето на лебот од менито.

Ќе изгубите килограми предизвикани од водата

Лебот е полн со јаглехидрати, а наглото исфрлање од навиките во исхраната се забележува на вашето тело речиси веднаш, во вид на слабеење. Но, не се работи за инстантно слабеење, туку за губење на водата која се акумулира во организмот.

Телото складира јаглехидрати во форма на гликоген, млечна киселина која собира вода. Секој грам јаглехидрати задржан во телото задржува и врзува три до четири пати повеќе вода од неговата тежина во телото.

Преработените јаглехидрати, како што е белиот леб, предизвикуваат нагло покачување во вашето тело и скок на шеќерот во крвта, кој потоа многу брзо паѓа. Овие нагли промени во мозокот испраќаат нејасни сигнали кои го зголемуваат чувството на глад и желба за храна, поради што се дебелееме.

Но, тоа не значи дека треба целосно да го исфрлите лебот од исхраната, туку празните калории и белиот леб да ги замените со оние од цели зрна кои го регулираат и балансираат шеќерот во крвта.

Ќе ви се зголеми енергијата и ќе ви се подобри варењето

За разлика од интегралниот или црниот леб, белиот леб не содржи влакна кои се неопходни за нормално функционирање на цревата и варење. Таквата храна предизвикува запек и дигестивни проблеми. Откако ќе го отстраните белиот леб од менито и ќе ги вклучите интегралните житарки во вашата секојдневна исхрана, варењето ќе почне да работи нормално и лесно.

Исто така, јаглехидратите се храна и гориво за мозокот. Ако е квалитетен, мозокот работи нормално, без пречки, но ако храната за мозокот не е здрава, телото реагира негативно, па се појавува чувство на слабост и замор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi