Три работи кои ги правите секој ден, а не знаете колку го уништуваат вашето ментално здравје: Ја погодуваат ПСИХАТА и влијаат на квалитетот на животот!

popara6 август, 20221min00
4-stvari-koje-unistavaju-vase-mentalno-zdravlje-_2177027053

Нашите мисли ја креираат реалноста којашто ја живееме, проследена со нашите зборови и постапки. Има ситуации кога си поставуваме пречки, а за жал тоа може да има негативно влијание врз менталното здравје на една личност.

Работи кои се лоши за вашето ментално здравје:

Се жалите – Во ред е да ги изразувате своите емоции, но ако постојано се жалите, само ја трупате негативноста во себе. Според експертите, жалењето е дел од емотивниот одговор на вашето тело. Тоа е начинот на телото да ги задоволи вашите емоционални потреби. Но, кога премногу се жалите, тоа може да направи повеќе штета отколку корист, бидејќи лесно можете да се изгубите во негативни мисли кои влијаат на вашето ментално здравје.

Злобни шеги на своја сметка – Одлично е кога човек знае да се пошегува со себе. Но, ако тоа го правите со лоши коментари, а се понижувате пред другите и ви стане навика, може да биде знак дека имате негативност и дека немате доволно самодоверба. Тоа најчесто го прават луѓе кои се плашат да не добијат негативен коментар од другите, па потоа почнуваат да се понижуваат сами себе, за другите да немаат шанса да го направат тоа. Ваквото однесување лошо влијае на самодовербата и воопшто на менталното здравје.

Мултитаскинг – модерна вештина која денес најмногу се цени. Компаниите ангажираат луѓе кои ја поседуваат оваа вештина, за да ја зголемат продуктивноста и профитот. Домашните работи, исто така, бараат мултитаскинг. Убаво е да се решаваат многу различни проблеми одеднаш. Но, мултитаскингот има негативно влијание врз менталното здравје. Мултитаскингот може да предизвика негативни емоции, раздразливост, стрес, анксиозност.