Уште повкусна варијанта на здравото јадење: Сочна запечена боранија со кашкавал на која ѝ нема мана!

21 февруари, 20220
299335_zapecena-boranija-sa-suvim-rebrima-ili-bez-mesa-odlican-izdasan-rucak-od-povrca-recept-283140963_ff

За многу домаќинки боранијата е вообичаен избор кога станува збор за подготовка на ручек, бидејќи не само што е лесен за подготовка, туку е и здрав оброк, со додаток на зеленчук. Сепак, иако обично го подготвуваме во динстана варијанта, и печената варијанта е многу вкусна и хранлива, а ќе им се допадне на оние кои не се љубители на зготвениот грав…

Состојки:

450 гр боранија
250 гр пилешко бело месо
2 јајца
150 гр сирење
300 гр кисела павлака
глава на кромид
лук
морков
зачини

Подготовка:

Кромидот ситно се сечка, па се пржи во тавче со масло. Истурете ги сечканиот морков и лукот (2-3 чешниња), потоа динстајте и по неколку минути и додадете ја боранијата. Зачинете.

Посебно пропржете го пилешкото, па додадете го во боранијата. Потоа истурете сè во огноотпорен сад или плех.

Измешајте ги јајцата и павлаката, па прелијте со боранијата. Над боранијата изрендајте го сирењето.

Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi