ФАНТАСТИЧНИ КРОАСАНИ СО КРЕМ! Се топат во уста! (РЕЦЕПТ)

26 јануари, 20220
Screenshot_2

Направете домашни кроасани, а ви предлагаме да ги наполните со крем

 

 

Кроасанот е една од класичните состојки на францускиот појадок. Денес се подготвува во различни варијации, со сирење, филуван со шунка, чоколадо или крем од лешник.

 

Состојки:

 

  • 120 мл млака вода
  • 12 гр свеж квасец
  • 400 гр брашно
  • 100 гр шеќер
  • 2 лажици путер, стопен
  • 60 мл млако млеко
  • 1 јајце
  • 1 лажица какао во прав
  • 1 лажица млеко
  • крем од лешник

 

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180°C. Истурете брашно во сад, направете вдлабнатина во брашното и издробете го свежиот квасец. Истурете млеко, путер, јајце, шеќер и топла вода. Промешајте за да се раствори квасецот. Месете ја смесата со раце додека тестото не се соедини. Мешајте додека не се изедначи и стане еластично, а потоа поделете на половина. Половина од тестото измешајте со какао и 15 мл млеко. Од двете теста обликувајте топка и оставете ги 1 час. Расукајте го и чоколадното и белото тесто во правоаголник. Ставете ја едната кора тесто врз другата и лесно притиснете. Исечете го тестото на триаголници и виткајте во кроасани. Секоја ролна ставете ја на плех обложен со хартија за печење и премачкајте со млеко. Печете 20-25 минути, оставете да се излади, па наполнете со крем од лешник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi