
Џејсон Момоа флертуваше со колешката Кејт Бекинсејл на Оскарите
На традиционалната забава „Vanity Fair “ која се одржува по доделувањето на Оскарите, двајцата застанaле на улицата пред зградата во која беше организирана забавата. Тие цело време се гледале и се смешкале, а дури Џејсон во еден момент ѝ го понудил капутот за да ја стопли актерката.

Пред само неколку месеци познатиот американски актер и неговата сопруга Лиза Бонет официјално објавија дека се разведуваат. Џејсон ја објави веста на својот Инстаграм профил, а многумина дури шпекулираа дека пропаѓањето на нивната љубов се должи на потенцијалната романса на Џејсон со неговата колешка Амбер Херд.
Меѓутоа, не долго потоа, се појавија приказни за враќањето на Џејсон на неговата прва љубов – Лиза Бонет, а парот реши да му даде уште една шанса на својот брак.
„Тие се повторно заедно. Решиле да работат на односот бидејќи вложиле многу еден во друг”, изјавил тогаш пријателот на Џејсон за Page Six, верувајќи дека тој ќе ја зачува својата долгорочниот однос, како и бракот.