Фронтменот на групата Green Day ја опцу Америка и рече дека ќе се откаже од државјанството во таа земја

popara28 јуни, 20221min00
billie-joe-armstrong-pevac-green-day-830x0

Фронтменот на Green Day, Били Џо Армстронг, на настап во Лондон изјави дека ќе се откаже од американското државјанство, а сето тоа поради неодамнешната одлука да се забрани правото на жените на абортус во Америка.

– Е**те Америка. Се откажувам од моето државјанство. Доаѓам овде – рече Армстронг додека беше на сцената на стадионот во Лондон во петокот вечерта (24.06) и додаде:

„Има премногу глупави работи во светот за да се навратиме на тој сиромашен мал изговор за државата. О, не се шегувам. Ќе добиете многу од мене во наредните денови – рекол рокерот, пренесува NME.

Били Џо Армстронг е еден од многуте уметници кои зборуваа во последните денови по поништувањето на пресудата Роу против Вејд, значајна пресуда од 1973 година која го штити правото на една личност безбедно да ја прекине бременоста во САД.

За прв пат по речиси пет децении, абортусот повеќе нема да биде заштитен како федерално право во Америка. Секоја држава ќе може поединечно да одлучи дали да го ограничи или забрани абортусот.