Фустанот во кој блесна Сара Џесика Паркер крие тајна: Цената му е неверојатна

13 јануари, 20220
sarah-jessica-parker-1-830x0

Се чини дека ниту еден фустан што го носела не крена повеќе „прашина“ од оној што го носеше во една епизода од серијата „And just like that…“

Актерката Сара Џесика Паркер засекогаш ќе остане запаметена како Кери Бредшо и ѕвездата на серијата „Сексот и градот“. Токму оваа серија ја „лансираше“ Сара во светот на славните, а во исто време стана и модна икона.

Од моментот кога првата фотографија од сетот на продолжението нa  „Сексот и градот“ ја здогледа светлината на денот, фановите, но и љубителите на модните комбинации со нетрпение ги очекуваа креациите кои измислените ликови Кери, Миранда и Шарлот ќе ги носат.

Кери Бредшо е позната во серијата по комбинации и стајлинзи кои го одземаат здивот, но се чини дека ниту еден фустан што го носеше не крена повеќе „прашина“ од оној што го носеше во една епизода од серијата „And just like that…“.

На социјалната мрежа Инстаграм, една страница која се занимава со комбинации на познати личности, објави фотографија на Кери облечена во макси фустан за кој се мисли дека е креација на брендот „Forever 21“.

Станува збор за бренд што можат да си го дозволат и жените од нашите простори, а често во нивната понуда се и фустани кои чинат помалку од 1.000 денари.

Но, костимографите Моли Роџерс и Дени Сантијаго, кои работеа на споменатата серија, истакнаа дека некои од фустаните што ги носела Паркер вредат околу 300 денари и дека ги купиле во продавници за носена облека.

-Фустанот за кој со денови се зборува е купен во Њујорк пред неколку години, во продавница за носена облека. Чинеше 250 денари (пет долари). Споменатиот бренд има сличен фустан, сличен дизајн, по различна цена. По пандемијата се одлучивме за старински изглед по пристапни цени – изјавија костимографите.

sara-dzesika-parker-3-830x0
sara-dzesika-parker-830x0

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi