Хајден Кристенсен откри колку килограми накачил за улогата на Дарт Вејдер во серијата „Оби-Ван Кеноби“

4 јули, 20220
dart-vejder-830x0

Хајден Кристенсен накачи неколку килограми за да го портретира Дарт Вејдер од „Војна на ѕвездите“ во серијата „Оби-Ван Кеноби“, која се емитува на платформата Дизни плус.

41-годишниот актер во неодамнешното интервју за „Fatherly“ изјави дека повторно тренирал како во 2005 година за да стане физички импозантен Сит Лорд.

– Мислам дека тој процес ми беше многу важен – изјави Хајден, кој во филмот „Одмаздата на Сит“ од 2005 година се трансформираше од херој Анакин Скајвокер во Дарт Вејдер.

– Морав повторно да станам тој лик, физички. Само внесував што повеќе калории. Накачив 10 или 15 килограми за да го пополнам оделото (Дарт Вејдер)… Се обидував да го задржам телото на Вејдер откако ќе завршиме. Но, искрено, речиси се вратив на мојата стара исхрана. После тоа некако се „издував“ – додаде актерот.

Минатата недела, за време на гостувањето во шоуто на Џими Фалон, тој изјави дека неговата ќерка Бриар била негова спаринг партнерка во подготовките за серијата „Оби-Ван Кеноби“.

– Имаме неколку лајтсејбери кои се кршат низ куќата. Таа беше мојот прв партнер за обука на лајтсејбер кога се вратив во серијата „Оби-Ван Кеноби – рече тој Хејден.

Минисеријата „Оби-Ван Кеноби“ ја заврши својата серија од шест епизоди на 22 јуни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi