
Хајли Бибер го покажа стајлингот за кој е потребно голема самодоверба.
Хејли Бибер често можеме да видиме во спортските парчиња облека бидејќи е исклучително посветена на тренинзите, сепак за еден свечен настан во Лас Вегас е видена во потполно поинакво издание.
Сопругата на Џастин Бибер носи апсолутно проѕирен, долг фустан до под. Под него имаше црна долна облека која со која се гледаше се, но Хејли овој стајлинг го износе со голема самодоверба. До сега не можевме да ја видиме во вакво издание, па се повторува прашањето, дали можеби откри повеќе?
Погледнете ги фотографиите ТУКА
Манекенката (25) во проѕирно парче облека ги покажа сите резултати од вежбањето. На сето тоа додаде високи потпетици кои и` одговараа, моментално популарен модел со каиши.
Хејли овој пат не беше со сопругот Џастин Бибер, со кој го поминува поголемиот дел од времето, туку друштво и` правеше Ким Кардашијан.