ХИТ БОЈА ЗА 2022 ГОДИНА: Тонот кој ќе ја освежи вашата гардероба и ќе ѝ даде романтичен изглед
15 јануари, 20220
Пред неколку недели, Институтот за бои Pantone ја избра виолетова боја за моден фаворит во 2022 година.
Сепак, модните експерти најавуваат дека во трендот ќе има поатрактивни нијанси. Розовата боја е нешто што мора да се има. Сепак, судејќи по новитетите кои изминативе денови пристигнаа на полиците и закачалките на модните продавници, една нијанса веќе се наметна како задолжителна боја на преодната сезона. Станува збор за нежно розево, кое доаѓа во идеално време да ја освежи гардеробата и да му даде на нашиот стил нежна и романтична нота.
Розовата стана хит во Холивуд, па Ешли Робертс веќе ја презеде и храбро реши да искомбинира розе палто со црвена чанта. Некогаш некомпатибилните бои сега се сосема прифатливи во истиот стајлинг.