Холивудскиот УБАВЕЦ НА РАБОТ НА СРАМОТ: Дознајте зошто миленикот на жените падна во очите на јавноста!

13 јануари, 20220
18503_naslovna_f

Леонардо ди Каприо е фатен како поминува време со својата нова девојка на јахта што ја загадува околината.

Тоа не би било толкав проблем доколку Леонардо не се претставуваше како еколошки активист.

Леонардо (47) ужива во деновите со својата речиси двојно помлада девојка, манекенката Камил Морон (24) на мегаломанска јахта кај популарниот остров Сент Бартс.

Со оглед на тоа што Ди Каприо важи за еден од најголемите поборници за заштита на животната средина, забележливо е дека ваквото негово однесување моментално е во спротивност со неговите основни принципи.

Претходните години актерот беше толку преокупиран со екологијата што се фокусираше на штедење вода, па можеше да се слушне дека се туширал еднаш, по можност и два пати неделно. За Ди Каприо важи и тоа што не користи дезодоранс, туку има тенденција да живее во хармонија со природата.

Ди Каприо стана дури и глобален амбасадор на ОН, па неодамна го нарече еколошкиот проблем „најитната закана со која се соочува нашиот вид“, а потоа ги повика сите обожаватели да направат нешто околу тоа. Судејќи по фотографиите, тој баш и не се придржува до она што постојано го проповеда.

Од тие причини неговото однесување и крстарење со луксузна јахта на швајцарскиот милијардер Ернест Бертарели се покажа како целосно спротивно на неговите ставови. Се чини дека славните се уште не можат да се откажат од луксузот.

Јахтата наречена „Vava II“ има дури и хелиодром на највисоката од нејзините шест палуби и произведува онолку јаглерод колку што просечниот автомобил испушта годишно.

Во тој контекст, главниот актер на филмовите Титаник и „Волкот од Волстрит“ треба да се придржува до позициите промовирани од ОН. Во овој момент неговите дела зборуваат поинаку.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi