ОВЕН
Под голем притисок сте и од вас се очекува да спроведете непопуларни мерки. Со вашето присуство нема да можете да спречите живи дискусии во кои ќе има остри зборови. Заземете став и кажете го тоа што го имате без многу зборови.
БИК
Поминувате добар дел од денот прашувајќи се што сте можеле да направите поинаку во далечното минато. Свртете се кон вашите најблиски и слушајте што имаат да кажат. Зголемената физичка активност може да ве заживее, особено долгата прошетка или трчање.
БЛИЗНАЦИ
Ве очекува важна лекција во која треба да го надминете песимизмот, кој е една од вашите особини која често делува против вас. Верувате во вашите интелектуални моќи, но мора да бидете свесни и дека е нереално секогаш да сте во право.
РАК
Транзитите ви носат шанса конечно на најдобар можен начин да ги презентирате вашите идеи кои досега беа погрешно разбрани и да ја добиете поддршката од соработниците од кои најмалку сте очекувале. Пазете се од повреди, а особено внимавајте во сообраќајот.
ЛАВ
Планирајте го вашиот ден внимателно и ќе можете да изградите нова деловна стратегија која ќе ви донесе долгорочни резултати на кои ќе бидете многу горди. Фокусирајте се на работата, а љубовта и семејните односи оставете ги настрана.
ДЕВИЦА
Не верувате во различните ветувања со кои ве обземаат. Мора да се вклучите што е можно повеќе и да си помогнете во изнаоѓање решение. Се очекува стагнација, затоа не се обидувајте да започнете нов бизнис.
ВАГА
Ве очекува ненадеен пад на енергијата. Тензијата може да предизвика отворени конфликти со луѓе кои се ваши пријатели. Посесивното однесување на саканата личност дополнително ги комплицира сите ваши обиди да ги поправите работите и да ја спасите врската.
ШКОРПИЈА
Денот е идеален за сумирање на сработеното и планирање на идните активности. Управувајте со вашето време, но не го игнорирајте фактот дека сте дел од нечиј живот. Ако се одлучите само во рамките на личните интереси, некој до вас сериозно страда.
СТРЕЛЕЦ
Вашата концентрација денес е на високо ниво. Активноста на полето на комуникациите може да ви послужи за лични цели, а особено за вашиот љубовен план. Бидете внимателни, веројатно не забележувате дека вашата сакана се обидува да пренесе нешто многу важно за вас.
ЈАРЕЦ
Возбудлив ден, претстојат бројни деловни состаноци. Ќе запознаете интересна личност со која ќе најдете заеднички интерес кој ја најавува можноста за плодна соработка. Посветете ја вечерта на себе и на саканата личност со која ве очекуваат прекрасни моменти на љубов и топлина.
ВОДОЛИЈА
Може да се случи да добиете информација која некој ќе ја злоупотреби. Не ви е лесно да се воздржувате, но во моментов најдобро е да молчите. Внимавајте што зборувате, дури и во средина која нема никаква врска со вашиот професионален живот.
РИБА
Донесувате избрзана одлука која не ви нуди вистинско решение. Иако знаете дека работите не одат како што сте посакувале, задоволни сте од моменталната состојба. Идеално би било ако си дадете време да размислите.