ХОРОСКОП ЗА 22-РИ ЈАНУАРИ: Вагите добиваат патоказ за иднината, на Рибите им се насмевнува романса

22 јануари, 20220
70f3a149ea0b44a0aa9c26eef4d05c851e1aa3b5

Овен

Иако сте свесни за тежината на финансиската ситуација, тоа не ве спречува да ги искористите сите ваши аналитички способности и да потрошите одредена сума пари на мали задоволства кои ќе ги споделите со драги луѓе. Тоа е единствениот начин да се чувствувате корисно на овој ден.

Бик

Одвојувате малку слободно време за себе, но не се организирате на вистински начин. Пасивноста може да ги наполни туѓите батерии, но за вас може да биде извор на голема напнатост која, доколку не се ослободите од неа, се заканува да се претвори во агресија.

Близнаци

Кај вас се оди во пакет, работа, пари и љубовен живот. Сепак, од вас се бара да се прилагодите на новите околности. Не сте издржливи, па сето тоа ви пречи, бидејќи секоја промена што не сте ја предизвикале кај вас буди фрустрација и незадоволство.

Рак

Бегството од реалноста е најлесно ако се фокусирате на туѓ живот и проблеми кои не ви припаѓаат. Иако верувате дека сте во света мисија да спасувате други луѓе, во заднина всушност само избегнувате да се соочите со сопствените проблеми кои ве очекуваат само вас.

Лав

Ве мачат нерешените односи со пријателите кои ги познавате одамна. Не останува ништо друго освен сериозно да се зборува за се. Ситуацијата не е лесно да се реши бидејќи сте врзани со животни околности на кои не можете да влијаете.

Девица

Ве очекуваат поволни договори, успешни набавки и стабилизација на полето на финансиите. Доколку носите важна одлука, денот е вистинскиот за тоа. Бидете упорни, не се откажувајте од започнување нови проекти бидејќи слична можност нема да се повтори.

Вага

Добивате вести кои се, практично, патоказ. Свесни сте дека оваа информација ви укажува каде одите понатаму, но не ви е јасно која е крајната цел. Прифатете го предизвикот и оставете времето да ви ги донесе одговорите на сите прашања кои ве мачат денес.

Шкорпија

Амбициозни сте и на пат кон реализација на големи планови. Сепак, заборавате дека сите успеси доаѓаат само кога е вистинското време за тоа. За вас овој период не е пресуден, па постапете соодветно. Ако планирате патување, одложете го.

Стрелец

Не прифаќајте нови обврски, најдобро е денот да го поминете во минимални деловни активности. Наскоро ќе имате поголема парична добивка, која во голема мера може да реши барем дел од финансиската напнатост која ве мачи.

Јарец

Финансиите се во преден план. Еден пријател ви бара пари за заем и тоа е како шлаканица за вас. Вашата прецизност не толерира апстрактни концепти како заем за кој не се знае кој е рокот за плаќање. Не бидете премногу строги.

Водолија

Ви се отвораат убави деловни можности. Претстојат преговори за можна соработка со странски земји, но и шанса за долго патување на кое ќе го подобрите бизнисот. Не дозволувајте оваа шанса да биде уништена од вашата моментална мрзеливост.

Риба

Можеби денес ќе запознаете личност со која ве очекува романтична авантура. Меѓутоа, ако ја намалите возбудата, врската би можела да потрае. Освен тоа, избегнувајте да купувате бидејќи може да добиете грешка која подоцна нема да можете да ја поправите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi