ХОРОСКОП ЗА 29-ТИ СЕПТЕМВРИ: Биковите очекуваат ден полн со динамика, а на Вагите им треба краток одмор

29 септември, 20220
eebdc0436cc6e63f6940e0fe764e5cb859d9352a

ОВЕН

Како и да се позиционирате, се очекува да бидете во втор план. Не ви е пријатна таква улога, но свесни сте дека тоа е вистинскиот пат. Без разлика дали се работи за семејни или љубовни врски, најпаметно е трпеливо да давате поддршка и да го чекате епилогот.

БИК

Пред вас е ден полн со динамика. Вие сте на работ на издржливоста. Нешто на работа ве мачи веќе некое време, а не можете да се соочите со тоа. Бидете внимателни, безопасна ситуација може да ве доведе до скандал.

БЛИЗНАЦИ

Имате многу планови и очекувате брза реализација. За жал, работите не се развиваат со посакуваното темпо. Додека чекате нешто да започне, губите драгоцено време, а можностите кои се побезбедни и можеби попрофитабилни отколку што сте замислувале, ви одминуваат.

РАК

Амбициозни сте, па денот го започнувате со големи планови. Ловете ја секоја можност повторно да се наметнете во средината во која се движите и работите. Напорот ќе биде награден, но во исто време ќе стекнете нови непријатели кои ќе ви застанат на патот.

ЛАВ

Постои шанса да ви се оствари желбата да го промените работното место. Мора да бидете свесни дека ако го направите тоа, ќе влезете во нов живот после кој нема враќање назад. Ова не значи дека ве очекува нешто лошо, туку дека мора да бидете подготвени на се.

ДЕВИЦА

Доколку успеете да го започнете денот без одложувања, може да ви се отворат интересни можности, особено ако вашата работа е поврзана со странски земји. Не ги вклучувајте пријателите во вашите потфати, сами решавајте ги вашите проблеми.

ВАГА

Имате многу обврски пред вас. Ќе ви се чини дека не кревате глава од работа, но всушност ништо посебно нема да се случи. Илузијата дека сте преоптоварени доаѓа од заситеноста, па итно ви треба или промена на работното место или краток одмор.

ШКОРПИЈА

Се стремите кон слобода, но подобро е да се воздржите бидејќи не е поволен период за бунт. Извршете ги сите работни задачи дисциплинирано и на време, само така ќе избегнете напнати аспекти кои можат да ви ја искомплицираат финансиската состојба.

СТРЕЛЕЦ

Плановите ги врзувате со ветувањата на вашите пријатели. Премногу одолговлекување може да ве доведе во неугледна ситуација кога на крајот ќе им барате изговори на претпоставените кои ќе ги сметаат вашите аргументи смешни и прифатливи.

ЈАРЕЦ

Аспектите ви носат прилив на енергија што ви недостигаше во изминатиот период. За жал, во исто време пристигнуваат и нови обврски кои ќе ја засенат сета убавина од овој период. Пред вас е напорна работа за која нема да ја добиете очекуваната награда.

ВОДОЛИЈА

Наједноставните активности, кои вообичаено бараат малку труд, денес се изведуваат со голема тешкотија. Не е лошо да размислувате се да одложите за некој друг ден, бидејќи грч кој нема да успеете да го надминете ќе произведе грешки кои се неприфатливи.

РИБА

Имате многу планови и очекувате наскоро да започнете некои од нив. За жал, денешните настани нема да ви донесат поголеми промени, освен што околностите ќе ве наведат да размислите дали патот на кој сте излегле е најповолен за некој како вас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi