ОВЕН
Се занимавате со нови начини на водење бизнис и наоѓате интересни методи со кои се справувате во текот на работата. Нарушувањата во комуникацијата со претпоставените ќе се манифестираат првенствено преку притисокот дека работата мора да се заврши пред истекот на рокот.
БИК
Дисциплинирано давате се од себе за да ги завршите обврските кои невешто ги презедовте. Резултатите се неизвесни, но не ве напушта оптимизмот и чувството дека нешто добро ќе произлезе од се што сте презеле. Пазете се од повреди.
БЛИЗНАЦИ
Ве очекува ненадеен пад на енергијата. Тензијата може да предизвика отворени конфликти со луѓе кои се ваши пријатели. Посесивното однесување на саканата личност дополнително ги комплицира сите ваши обиди да ги поправите работите и да ја спасите врската.
РАК
Дури и да не сте премногу романтични, можен е неочекуван контакт со некој кој некогаш имал важна улога во вашиот љубовен живот. За време на СМС преписката, ќе добиете увид колку се грижите за таа личност денес.
ЛАВ
Свесни сте дека ви претстои напорен период на речиси сите полиња. Полни сте со енергија и волја, а вашата вродена борбеност и оптимизам ќе ве направат уште посилни. Иако ќе вложите многу труд, на крајот ќе бидете задоволни од постигнатите резултати.
ДЕВИЦА
Нешто што сте го чувале во тајност може да ја види светлината на денот денес. Без разлика што внимателно сте го подготвиле секој детал, токму сега ќе откриете низа грешки кои ќе го доведат во прашање целиот ваш план. Не паничете, успехот е сигурен.
ВАГА
Малку сте уморни од интензивното дружење кое партнерот ви го наметнува во последно време. После одлични настани, искуства и забава, потребен ви е заслужен одмор. Не двоумете се, кажете му.
ШКОРПИЈА
На пат сте кон остварување на големи планови. Сепак, заборавате дека сите успеси доаѓаат само кога е вистинското време. За вас оваа недела не е пресудна, па постапете соодветно. Ако планирате патување, размислете за можноста за одложувања.
СТРЕЛЕЦ
Екстремно напнато од сабајле. Ви се чини дека сите подлегнале на атмосфера која според вас е сосема нездрава. Интензивно смислувате начини да се ослободите од сите обврски и да поминете одредено време изолирани од сите случувања. Не размислувајте за боледување.
ЈАРЕЦ
Љубовниот живот е во центарот на вниманието. Партнерот долго време е во сенка, ги трпи вашите професионални обврски и проблемите кои доаѓаат со тоа. Време е да му надоместите, особено на крајот од денот кога ќе му треба вашата утеха.
ВОДОЛИЈА
Ве очекува важна лекција во која треба да го надминете песимизмот, кој е една од вашите особини која често делува против вас. Верувате во вашите интелектуални моќи, но мора да бидете и свесни дека е нереално секогаш да сте во право.
РИБА
Совршено сте координирани, па денот минува без поголеми проблеми. Меѓутоа, задачите ги извршувате рутински, па поради недостаток на концентрација постои можност да направите превид кој може да предизвика мала штета која лично не ви оди во прилог.