Цел живот ПОГРЕШНО ги пиете ЛЕКОВИТЕ против болка: Ја намалувате нивната ефикасност, а една навика е виновна за тоа

popara11 август, 20221min00
zena-pije-lekove-2048x1361

Растворливоста на лекот во желудникот е под влијание на голем број фактори

Кога нешто ве боли, сосема е природно и очекувано да направите се што можете за да ја потиснете таа болка.

Пиењето лекови против болки е секако најчестиот метод кон кој прибегнуваат поголемиот број луѓе.

Многу луѓе земаат лек набрзина, без да размислуваат премногу дали е доволно само да го проголтаат за две секунди и да го залијат со чаша вода.

Американските експерти открија дека начинот на кој го земате лекот е многу важен, па дури и вашето држење влијае на брзината на дејството на лекот. Најчесто луѓето го пијат лекот „од нозе“, односно стоејќи.

Истражувањата сугерираат дека при земање лекови против болки, поефикасно е да лежите, и тоа исклучиво на десната страна. Според наодите објавени во списанието „Physics of Fluids“, во таа прилика не треба да се вртите на спротивната страна, бидејќи на овој начин можете да го забавите ефектот на лекот.

За да се испита ефектот на лекот врз луѓето, во ова истражување е користена модерна технологија, со чија помош е утврдено како лекот се апсорбира во организмот, при заземање различни положби.

Коавтор на студијата, професор Рајат Митал, од Универзитетот Џон Хопкинс, вели дека оралната администрација на лекот е изненадувачки сложена, и покрај тоа што е најчестиот начин на внесување на лекот во телото.

– Кога пилулата ќе стигне до желудникот, движењето на ѕидовите на желудникот и протокот на неговата содржина ја одредуваат брзината со која се раствора. Важна улога играат и својствата на пилулата и содржината на желудникот – објасни тој и додаде:

– Тековните експериментални или клинички процедури за проценка на растворањето на оралните лекови се ограничени, што го отежнува разбирањето како растворањето на лекот влијае на гастричните проблеми, како што е гастропарезата, која го забавува празнењето.

Тој исто така рече дека содржината на желудникот и динамиката на гастричната течност се важни фактори кои играат значајна улога во разградувањето и дејството на лекот.