ЧИЗКЕЈК ОД МАЛИНИ И КАПИНИ Вистинско летно освежување (РЕЦЕПТ)
27 јуни, 20220
Вкусот на овој колач со малини и капини е благ, но се памети! Кремаст е и „летен“, а брзо готов, што е голема предност. Исто така не се пече, што е уште една предност
Состојки:
- 250 гр крем сирење
- третина од чаша шеќер
- чаша кисела павлака
- 250 мл слатка павлака
- една лажичка ванила
- 250 гр мелени бисквити
- 100 гр путер
- 400 гр малини
- 200 гр капини (боровинки, малини, јагоди)
Подготовка:
Мелениот бисквит измешајте го со растопениот путер, добиената смеса притиснете ја во калапот, па ставете ја во фрижидер да се излади и стегне. Со миксер изматете ги крем сирењето, павлаката, слатката павлака, ванилата и шеќерот. Додадете 200 грама малини, лесно промешајте, па премачкајте ја преку изладената кора. Одозгора наредете ги преостанатите малини и капини, ставете во фрижидер и послужете.
Уживајте!