ЧИПС ОД РЕРНА! Омилената закуска – повкусна и поздрава од онаа од продавница

popara18 ноември, 20221min00
456443_batat_f

Компирот нема многу калории, но е богат со влакна, калиум и витамини Ц и Б, па е одлична заштита од кардиоваскуларни болести. Затоа, можете да направите домашен чипс, кој ќе биде повкусен од купечкиот во продавница

Состојки:

четири големи компири

две лажици масло

крупна морска сол

малку мелен пипер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Излупете ги компирите, исечете ги на најтенките можни прстени, а потоа измијте ги, исцедете ги и исушете ги со крпа.

Ставете ги во плех обложен со хартија за печење, прелијте со масло, сол, и зачинете со мелен бибер.

Наредете ги во еден слој и печете во рерна 45 минути со повремено вртење.