
По повод 175-годишнината, швајцарската железничка компанија RhB го собори рекордот за најдолг патнички воз во светот.
На 29 октомври годинава воз составен од 100 вагони кој се протегаше на цели 1.910 метри помина низ спектакуларниот пејзаж на швајцарските Алпи.

Иако има неколку подолги товарни возови, ова е најдолгиот воз што досега превезувал патници, според швајцарската компанија, а подолг е и неколку стотици метри од возот кој го собори овој рекорд во 90-тите години на минатиот век во Белгија.

Во саботата со швајцарскиот црвен воз патуваа 150 патници, кои имаа можност да уживаат во прекрасните пејсажи на швајцарскиот кантон Граубуенд.
Црвениот воз сообраќал од Преда до Тусис – тоа е едно од најубавите железнички возења во светот, кое се протегало на околу 25 километри.
