
Раскинувањето на пејачката Шакира и шпанскиот фудбалер Жерар Пике, ги откри грдите детали од нивната нарушена врска, а пејачката сака одделен простор од родителите на бившиот партнер.

Имено, куќата во која живеел парот е поврзана со соседните куќи наменети за родителите на Шакира и Пике, со кои делат заедничка патека. Пејачката, наводно, сака да ја отстрани патеката бидејќи смета дека не треба да споделува ништо со неговите родители, затоа што тие повеќе не се семејство.

Куќите се наоѓаат во Барселона, а според новинарката Лаура Фе, Шакира сериозно размислува да го подели заедничкиот простор, а врската меѓу Шакира и родителите на Пике наводно е толку нарушена што таа размислува да подигне ѕидови меѓу куќите, но останува нејасно што има намера да прави со заедничкиот базен.

Да потсетиме, откако колумбискиката пејачка наводно сакала да ја напушти Шпанија со децата, а Пике не дозволил, поранешната двојка ги договорила деталите за привременото старателство над синовите Саша (7) и Милан (9), а Пике наводно веќе има нова девојка.