
Направете вкусен шејк од јагоди и банана за целото семејство
Со бадемово млеко овој десерт ќе биде повкусен!
Состојки:
- половина чаша јогурт
- две чаши замрзнати јагоди
- банана
- чаша бадемово млеко
- две лажици мед
Подготовка:
Во блендер ставете банана и замрзнати јагоди, кратко измешајте, па додајте јогурт, бадемово млеко и мед. Се меша уште 30 секунди за да се добие хомоген напиток, па се прелива во чаши и се сервира.