ШИК TРЕНЧ МАНТИЛИ: Пролетно парче кое секоја тренди девојка мора да го има во плакарот!
Кабаниците за дожд влегоа во женската мода од машката гардероба, како дел од некогашната војничка униформа, а од година во година не симнуваат од листата на најпопуларни парчиња, па пожелно е да имате добро класично парче во плакарот.
Оние во беж или песочни нијанси се најкласичната варијанта која одлично се вклопува во секој стајлинг – од фармерки, кожени панталони до плетива и мини здолништа.
Но, оваа сезона тие доаѓаат и во patchwork верзии, со уметнички дизајни или со тексас и кожни апликации, а некои од најинтересните што сме ги виделе на улиците на модните метрополи се овие:
Тренч мантилите инспирираат малку софистицираност во секој стајлинг, па дури и со тренерки, а можете да ги носите со високи чизми и здолништа, фармерки и шик мокасини.