ШОКАНТЕН ПРЕСВРТ! По раскинувањето со познатата манекенка Џиџи Хадид, Зејн бара девојка на апликацијата за ЗАПОЗНАВАЊЕ ПОПОЛНИ ДАМИ!

14 јануари, 20220
Screenshot 2022-01-14 001639

Зејн претходно објасни дека му се допаѓаат „полнички жени“.

По турбулентното раскинување со манекенката Џиџи Хадид, се чини дека пејачот Зејн Малик се обидува да најде нова љубов преку апликација.

Неговиот профил се појави на апликацијата за запознавање WooPlus, која овозможува запознавање со плус сајз девојки, пишуваат странските медиуми.

Апликацијата користи технологија за препознавање лице за да го потврди идентитетот на корисникот, а во јавноста протече видео од Зејн на кое ги менува изразите на лицето како емотиконите прикажани на екранот, што наводно е доказ дека профилот е негов.

Претходно, за време на интервју за магазинот Билборд, Зејн објасни дека му се допаѓаат „пополни жени“.

Ми се допаѓаат девојки кои се малку буцкасти во одредени области. Сакам пополни жени. Уживам и во интелектуалниот разговор, во кој некој може да состави реченица за нешто друго освен фризурата и шминката што ги има, и да зборува за нешто политичко или за светот – рече тогаш тој.

Зејн и Џиџи се разведоа на крајот на 2021 година, а неодамна беше објавена веста дека на пејачот му се судело по четири точки од обвинение поради тоа што мајката на Џиџи, Јоланда, ја нарекол „дро*а“.

По обвинувањата на Јоланда, откриено е дека парот долго време не е заедно. Почнаа да се забавуваат во 2015 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi