Сите сме слушнале за Шангри Ла во одреден момент, но ако некој не праша каде точно се наоѓа и дали воопшто постои, одговорите би биле различни – а некои дури и не би имале. Култното место во планините Кунлун го запознавме во романот Изгубен хоризонт на британскиот писател Џејмс Хилтон од 1933 година.
Во романот, Шангри Ла се споменува како утопија каде луѓето живеат во хармонија со природата, а нивниот животен век достигнува стотици години, па ова совршено место стана легендарен симбол на нешто што не постои во реалниот свет (и тешко дека може да постои).
Значи, од каде потекнува името Шангри Ла? Шангри Ла е име што се споменува дури и во неколку антички списи и будистички записи и фолклорни приказни. Тие можеби му послужиле на Џејмс Хилтон како инспирација за романот. Тој патувал и во Кина и ги опишал нејзините зелени долини опкружени со планини, па може да се претпостави дека наишол на овој концепт.
Ова совршено место му било опишано како место каде што се спојуваат Сонцето и Месечината, место кое наликува на рајот и најубавите соништа. Но, кога нешто звучи премногу добро за да биде вистина, обично е така.
Во кинеската провинција Јунан, од 2001 година има истоимено гратче, а многу други се обиделе да се качат на тој вагон. Сепак, дали навистина постои Шангри Ла за каква што слушнавме во романтичните приказни – сè уште не е познато. Низ Далечната Азија, можете да слушнете приказни за тоа како постоела Шангри Ла, „токму овде“ или „баш таму“, од Тибет до Јунан, но нема конкретни докази за тоа.
Постоела или не, Шангри Ла засекогаш влезе во книгата на мистични места и симболи, ако ништо друго тогаш барем како инспирација за подобар и поубав свет кон кој треба да се стремиме.