Што плови во норвешкиот фјорд? „НЛО“-то за кое сите зборуваат овие денови!

popara17 септември, 20222min00
62380453

Многу луѓе се прашуваат што лебди во норвешкиот фјорд во Розендал. Иако на прв поглед изгледа како неидентификуван летечки објект (НЛО), во реалноста се работи за уметничка инсталација со футуристичка форма наречена Salmon Eye.

Salmon Eye е опишано и како пловечки информативен центар за аквакултурата на Хардангерфјорд. Станува збор за зграда висока 14,5 метри дизајнирана да може да издржи силни бранови до четири метри во висина.

Оваа уметничка инсталација од 1,2 тони е замисла на Сондре Еиде, директор на компанијата за одгледување лосос Eide Fjordbruk. Тој сакаше простор што ќе се користи за да се поттикне откривање и да се прикажат иновативни решенија за производство на морска храна за подобро да се нахрани планетата.

Проектот го реализираа дански архитекти од компанијата Kvorning Design.

Иако фасадата на елиптичната уметничка инсталација беше претставена пред јавноста на почетокот на септември, сепак уште се работи на нејзината внатрешност. Наскоро треба да има информативен центар, изложбен простор и кино, а на врвот поглед за набљудување и фотографирање на неверојатната околина.

До Salmon Eye може да се стигне само по вода – и тоа со електрични чамци.

Погледнете ја фотогалеријата за да видите како изгледа оваа необична уметничка инсталација.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag