
Ѕвездата на „The Lord of the Rings“ Бернард Хил зборуваше за серијата „Rings of Power“ на Амазон, која ја нарече „потфат за правење пари“.
Актерот, кој го играше кралот Теоден во оригиналната трилогија, неодамна изјави за Метро дека „нема интерес“ да ја гледа новата спин-оф серија.
“Не, не сум заинтересиран. Тоа е потфат за правење пари и не ме интересира да го гледам или да бидам во него. Нека им е со среќа и сите тие работи, но не е како вистинската работа”, рече Хил.
Запрашан дали верува дека би било подобро франшизата да заврши по оригиналната трилогија, тој рече: „Апсолутно, да. Мислам дека се потрудија кога го направија The Hobbit. The Hobbit е мала книга. Добро го направија – тие навистина добро го направија. Го проширија, (но) мислам дека има лимит до тоа колку можеш да истегнеш парче ластик пред да пукне. Мислам дека им успеа во „Hobbit“ затоа што имаше навистина добри работи во него, без сомнение.”
Сместен илјадници години пред настаните од трилогијата „The Hobbit“ и „The Lord of the Rings“, „Rings of Power“ ги враќа гледачите во второто доба на Средната Земја.
Со пријавен буџет од 1 милијарда долари, таа е најскапата серија некогаш направена. Но, тоа не го убеди Хил да биде дел од ова достигнување, пишува NME.