ЈАПОНСКИ ОМЛЕТ ЗА ДОБАР ПОЧЕТОК НА ДЕНОТ: Рецепт кој децата ќе го обожаваат, а е сосема здрав!

popara17 април, 20221min00
25631_japanski-omlet_f

Состојки за две лица:

– 6 јајца
– 1 црвена пиперка
– 1 зелена перика
– една лажица соја сос
– 1 лажица сусам
– малку сол
– Малку бибер

Подготовка:

По желба можете да додадете и млад кромид, морков… Исто така, овде од 6 јајца во омлетот се ставаат 3 цели јајца и 3 белки.

Пиперките ситно исечкајте ги. Додадете ги сите состојки и посолете ги во сад каде што се ќе соедините со рачен миксер. Во тавата сипете масло по потреба и во зависност од тоа колку ќе се залепи тавата, но не претерувајте со маслото. Маслото се мачка со четка.

Истурете ја смесата во тавчето како при печење палачинки, тенок слој. Врз смесата се посипува сусам за да се добие вкус. Потоа, свиткајте ја левата, па десната страна, горе и долу и потоа виткајте го омлетот. Тој ролат останува во тавата, па се прелива смесата и се превртува врз првиот ролат. Работете слој по слој додека смесата не се потроши.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma