Ја делите ШМИНКАТА со другарките? Овој ПРОИЗВОД никогаш не треба да се позајмува бидејќи е извор на БАКТЕРИИ

popara4 јули, 20221min00
20130_shutterstock-1257033982_f

Размислете следниот пат

На сите ни се случува во одреден момент да ни исчезне нешто од шминката, па нашата пријателка да ни ја позајми својата, но колку е тоа хигиенско и добро за нашето здравје?

Посебно се нагласува дека маскарата треба да биде лично наша бидејќи постои можност да се заразиме со конјунктивитис.

Опасности од прашински грини

Многу студии пронајдоа податоци дека грините се наоѓаат и на трепките. Грини се микроскопски организми кои се хранат со мртвите клетки на кожата околу трепките и очните капаци. Тие се природно присутни во фоликулите на косата и се главно безопасни, но ако носите ајлајнер или маскара или користите четки за сенки, грините се префрлаат на вашата шминка.

Доколку забележите чешање придружено со црвенило околу очите, треба да посетите очен лекар за да проверите дали постои ваков тип на инфекција.