Овој лек е одличен и за ослободување на телото од токсини
Сите знаеме колку е здрав лукот и дека е најмоќниот природен лек за добар имунитет.
Покрај тоа, неговите предности се многубројни: добар е за ослободување на телото од токсини, делува како природен антибиотик, одличен е против настинки и грип.
Доколку имате слаб имунитет, совет е да користите вода во која сте го оставиле лукот да стои за да го зајакнете организмот.
Намалениот имунитет е чест случај за време на промената на годишните времиња, а бидејќи летото ќе започне, важно е да се грижите за превенција и да го заштитите вашето здравје.
Доколку одите на патување, добро е да го подготвите телото за климатските промени со зајакнување на имунитетот, но и да спречите настинки.
Состојки:
8 чешниња лук
1 литар вода
Подготовка:
Излупете го лукот и пресечете го на половина. Исплакнете под млаз вода, а потоа ставете во тегла. Истурете литар вода и затворете ја теглата. Оставете во фрижидер еден час пред употреба.
Како да ја консумирате водата со лук:
Измешајте 1/4 чаша од оваа вода со лук со 1 чаша обична вода и пијте.