Доколку планирате да го освежите вашиот ентериер со убаво огледало или сте го добиле на подарок, внимавајте каде ќе го поставите
Според фенг шуи, древна источна уметност, големината и положбата на огледалото, како и другите работи во куќата, можат да влијаат на вашата енергија и среќа.
– Огледалата позитивно делуваат во секоја соба, освен во спалната, а меѓу бројните препораки издвоивме неколку.
Огледалото треба да биде закачено доволно високо за да ја рефлектира целата глава од рамената и вратот и неколку инчи над главата.
Колку и да ви изгледа убаво и идеално решението за уредување на просторот, не ставајте скршени огледала бидејќи тие можат лошо да влијаат на вашата енергија и внатрешен мир.
Добро е да ги поставите на темни места за да ги осветлат аглите и во близина на излезот од станот. Имено, гледањето на фигурата кога излегувате од дома, велат фенг шуи експертите, одлично влијае на вашата кариера.
Можете да поставите и огледало спроти трпезаријата, бидејќи „отсликувањето“ на масата ја подобрува благосостојбата и просперитетот на семејството.
Според фенг шуи, се препорачува добрите и убави нешта да се „отсликуваат“ во огледалото бидејќи нивната позитивна енергија така двојно се зголемува, а кога ќе се погледнете, бидете насмеани, среќни и никогаш не се критикувајте.