Латино дивата плени со својот изглед и привлекува големо внимание
Планетарно популарната пејачка Џенифер Лопез е фотографирана додека се движела кон познатото студио за танц во Лос Анџелес, а нејзиниот стајлинг не остана незабележан.
Иако пејачката беше фатена во многу опуштено издание, многумина коментираа дека блеска, па се прашуваат дали нејзиното момче, актерот Бен Афлек ја заслужил.
Имено, таа за оваа пригода носеше бела тренерка која ја искомбинирала со бели патики, а не се „потрудила“ премногу околу фризурата, па блесна со опуштена пунџа.
Целиот аутфит пејачката го подигна на повисоко ниво земајќи чанта од брендот „Couch“ чија цена е околу 450 евра, што е вистинска ситница за Џенифер, како што пишуваат на мрежите.
Џенифер им пркоси на годините па многумина повторно остави без здив со својот неверојатен изглед, а тие коментираат дека изгледа како да е двојно помлада.