ЏЕЈМС БОНД ПИЕ ВОДКА МАРТИНИ, А КЕРИ БРЕДШО КОСМОПОЛИТЕН! Коктели кои станаа познати по филмовите

popara18 февруари, 20221min00
211428_rejcel234ovo AP_f

Вино, ликер, сода, малку мраз, парче овошје… Задоволство за очи, освежување по напорниот ден. Ретки се оние кои не сакаат коктели, а некои од нив се прославија во филмови и серии

Џеф Бриџис го прослави овој коктел измешан од вотка, ликер од кафе и млеко, речиси исто колку и неговиот филмски лик. За време на филмот, тој испи ни помалку ни повеќе од – девет!

Вотка Мартини (Џејмс Бонд)

Веројатно најпознатиот филмски коктел, благодарение на тајниот агент 007. Шон Конери, Роџер Мур и други во улогата на Џејмс Бонд секогаш го нарачувале со задолжителна забелешка дека треба да се протресе, а не да се меша. Пробајте сами, можеби ќе ги освоите жените како тајниот агент од светот на Иан Флеминг…

Космополитен (Сексот и градот)

Четири жени, популарна ТВ серија и два филма се заслужни за промоција на овој коктел. Вотка, сок од брусница, ликер од портокал и малку сок од лимон ќе ви помогнат да го направите овој коктел. Пијте го со се, исто како Кери Бредшо.

Оринџ вип (Blues Brothers)

Браќата Блуз овој коктел ги спаси од апсење, со оглед на тоа што полицаецот кој дошол да ги уапси останал во барот поради неколку оринџ вип коктели! Румот, вотката и сокот од портокал се главните состојки на овој коктел.

Олд фешнд (Med men)

Да се ​​вратиме за момент на шеесетите и времето на Дон Дрејпер. Пред речиси половина век овој коктел беше исклучително популарен, а и денес има задржано добар дел од таа популарност. Виски, тоник, шеќер, мраз со декорација со овошје – тоа е се што ви треба за него.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma