
Менаџерот на актерот вели дека било предизвик да се најде улога за него откако Амбер го започнала судскиот процес
Судењето меѓу поранешните сопружници Амбер Херд и Џони Деп се уште трае, а во новото сведочење долгогодишниот агент на актерот откри колку милиони се изгубени поради обвинението за семејно насилство.
На новото рочиште за мултимилионската тужба меѓу Амбер Херд и Џони Деп сведочеше Џек Вигам, долгогодишниот агент на Деп од агенцијата „Creative Artists“, кој за актерот склучуваше милионски договори во филмската индустрија.
Тој откри дека неговиот клиент изгубил 22,5 милиони долари откако неговата поранешна сопруга го обвинила за злоупотреба во медиумите и со тоа му ја нарушила репутацијата во Холивуд.
Агентот тврди дека бил при крај со преговорите за шестото продолжение на франшизата „Пиратите од Карибите“, во која Џони ја имаше главната улога, за неговиот ангажман во новото продолжение требало да добие 22,5 милиони долари, а се пропаднало кога Амбер ја продала својата приказна за семејно насилство во 2018-та година.
На рочиштето, одбраната приговори дека нема докази, а неговиот менаџер се согласи, велејќи:
„Точно е, морам да бидам фер и да признаам дека немав документ во кој продуцентската куќа ми понуди 22,5 милиони за Деп“
Сепак, додаде дека на почетокот склучува некои зделки со устен договор.
Да се потсетиме, Дизни се откажа од Џони Деп и ја покани актерката Маргот Роби во неговото ново продолжение на популарниот филм, иако многу фанови потпишаа петиција Деп да остане Џек Спероу.