Џорџина за прв пат во ријалити проговори за загубата на бебето: „Во тој момент го доживеав најдобриот и најлошиот момент во животот“

popara26 септември, 20221min00
profimedia-0629896455-830x0

Џорџина Родригез, сопругата на славниот Роналдо, проговори за смртта на новородениот син, кој почина за време на породувањето во април оваа година.

Партнерката на Кристијано си ја отвори душата во новата сезона на нејзиното реално шоу „Јас сум Џорџина“ кое ќе се прикажува на Нетфликс.

Делот од реалното шоу во кој Џорџина зборува за смртта на нејзиниот син беше прикажан на шпански фестивал посветен на телевизијата.

Сепак, како што пренесуваат локалните медиуми, трагедијата што ја претрпеа Џорџина и Роналдо ќе биде клучен дел од втората сезона на серијата.

– Животот ми даде толку многу за толку кратко време. Оваа година во еден миг го доживеав најдобриот и најлошиот момент во мојот живот. Се скрши големо парче од моето срце и се прашував како можам да продолжам понатаму. Одговорот го имав поблиску отколку што мислев. Гледав во очите на моите деца и го видов единствениот начин да го направам тоа, сите да бидеме заедно – рекла таа.

Да потсетиме, кон средината на април годинава Роналдо и Џорџина Родригез објавија дека им починал новородениот син.

Џорџина носеше близнаци. Девојчето преживеало, а момчето не.