3 намирници кои се борат против деменцијата: Со нив ќе ги подобрите когнитивните способности

15 април, 20220
walnut-28169351920-830x0

Здравата храна е важна за телото, но и за мозокот, бидејќи го одржува подолго активен и помалку забораваме

Покрај темното чоколадо, кое е општо познато како одличен стимуланс за нашиот мозок, нутриционистите тврдат дека постојат и некои други намирници кои се неприкосновени борци против деменцијата.

За подобрување на когнитивната функција, тие препорачуваат во исхраната да вклучиме три намирници кои ќе го „разбудат“ нашиот мозок.

  1. Ореви

Оревите многумина ги нарекуваат закуска за генијалци. А науката докажа дека една шака ореви секој ден, може да ја подобри меморијата.

Нивната предност е што се најраспространетите јаткасти плодови во нашиот регион, па затоа лесно се доаѓа до нив. Нивните здравствени придобивки се многубројни, а се сметаат за вистинска храна за мозокот. Ако јадете јаткасти плодови, ја подобрувате концентрацијата и работата на мозочните клетки, но се заштитувате и од деменција и Алцхајмерова болест.

Ова се должи на омега-3 масните киселини, кои ги има многу во нив. Овие јаткасти плодови се препорачуваат за луѓе кои имаат проблеми со срцето, како и за трудници.

  1. Боровинки

Боровинките се исклучително добра храна за мозокот. Некои истражувања покажаа дека редовното консумирање боровинки ја стимулира меморијата и концентрацијата, па дури и влијае на обновувањето на меморијата.

Ова овошје, кое е одлично во борбата против анемијата, како што покажаа некои студии, би можело да биде важен сојузник во борбата против Алцхајмеровата болест.

Оксидативниот стрес може да го забрза процесот на стареење на мозокот, бидејќи има негативни ефекти врз неговата функција. Според истражувањата на животните, антиоксидансите во боровинките имаат тенденција да се акумулираат во областа на мозокот што е неопходна за интелигенцијата.

Студиите врз луѓе покажаа ветувачки и охрабрувачки резултати. Во едно од тие студии, девет постари учесници со благо когнитивно оштетување пиеле сок од боровинки секој ден. По три месеци, тие покажале подобрувања во неколку маркери на функцијата на мозокот.

  1. Рибино масло или риба

Омега-3 масните киселини се неопходни за правилно функционирање на срцето и мозокот. Ако не ви се допаѓа вкусот на рибиното масло, заменете го со обична риба лосос. Јадете лосос најмалку два пати неделно.

Британските истражувања покажаа дека децата кои не внесуваат доволно омега-3 масни киселини имаат потешкотии со координацијата и однесувањето. Некои истражувачи исто така откриле дека исхраната со ниска содржина на омега-3 масни киселини за време на бременоста може да доведе до проблеми со идното однесување на детето. Исто така, откриено е дека недостатокот на омега-3 во исхраната е поврзан и со депресија.

Омега-3 масните киселини ја регулираат работата на невроните. Луѓето кои страдаат од недостаток на омега-3 масни киселини многу често имаат проблеми со меморијата, концентрацијата, учењето и обработката на новите информации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi