3 причини зошто мажите стануваат незаинтересирани за љубовна врска

12 февруари, 20220
momak-briga-frustracija-830x0

На мажите почесто од жените им снемува храброст и трпение кога ќе се соочат со барањата за одржување на врската

Ќе се согласите дека влегувањето во нова врска е едно од најубавите чувства на светот. Повеќечасовни разговори, подароци, љубовни состаноци, сето ова и повеќе го прави почетокот на една убава љубовна врска.

Меѓутоа, често се случува еден од двајцата, а најчесто мажот, да се повлече од врската без причина.

– Како експерт за љубовни врски разговарам со мажи и жени кои се жртви на вообичаеното однесување кое предизвикува крај на врската – вели експертот за врски Клеј Ендрјус.

– Сепак, мажите се тие кои во повеќето случаи ја носат одлуката наеднаш да исчезнат од животот на партнерката.

Според експертите за врски, постојат три главни причини зошто мажите губат интерес за врски.

  1. Брзо сте се заљубиле во него

Мажите сакаат да ја гледаат и да ја искусат својата подобра половина како награда за која треба да се борат. Тие ја гледаат жената што ќе ја изберат како свое достигнување.

Тие сакаат да имаат до себе жена која е самоуверена, која има свое мислење и која не е лесно да се освои. Така, мажите се повлекуваат кога жените стануваат премногу „лесни“ за освојување.

  1. Мисли дека не може да ви го покаже своето вистинско лице

Следната причина зошто мажот губи интерес е затоа што не чувствува дека може да биде ранлив пред вас.

– Често е предизвикана од големи очекувања, осудувачко однесување или некој друг начин на кој жените сакаат да го контролираат однесувањето на партнерот – објаснува Клеј.

  1. Во животот му се случуваат други работи

Уште една причина зошто мажите губат интерес е затоа што едноставно имаат други приоритети во животот.

Работата, семејството, финансиската состојба се проблеми кои спаѓаат во оваа категорија. Мажот е фокусиран на она што е негов најголем приоритет во моментот, а можеби тоа не сте вие.

– Кога поминува низ тежок период, неговиот фокус природно ќе биде на она со што прво треба да се соочи – заклучува експертот за односи Клеј Ендрјус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi