3 СОВЕТИ, ДАЛИ ТОЈ E ВИСТИНСКИОТ МАЖ ЗА ВАС! Обрнете внимание на следните работи

3 јули, 20220
177661_shutterstock-196204976_ls

До моментот кога ќе дојдете до четвртиот состанок, честопати треба да одлучите дали сериозно да ја сфатите вашата врска или да се откажете. За да не го трошите времето на погрешен партнер, имајте ги на ум следните работи…

Дали е задоволен од работата?

Неговиот став во кариерата може да ви каже дали вашите животи се движат кон истата цел или не. Важно е да прашате дали му се допаѓа тоа што го прави. Треба да процените и дали може да ја балансира неговата работа со вашата врска.

Каква била неговата последна врска?

Разговорот за бившите ќе ви даде до знаење како тој ќе се однесува во иднина, кога ќе помине времето на неговото најдобро однесување и освојување. Започнете ја таа тема прашувајќи го, на пример, како е тоа што таков супер тип како него е сингл. Впрочем, тоа е комплимент кој дополнително ќе го поттикне разговорот. Зрелиот и сочувствителен маж обично ќе наведе некои од квалитетите на своите бивши пред да објасни зошто работите не успеале. Ако е нервозен, ја тресе ногата или е многу критичен, проблемот веројатно е во недостатокот на трпение и разбирање.

dejt

Како се справува со долговите?

Како прво, долгот не е секогаш лош. Човек со студентски кредит позајмил „паметно“, бидејќи тоа е инвестиција која ќе се исплати во иднина. Начинот на кој се однесува со парите е показател за неговиот карактер и одговорност.

Разговарајте за економијата воопшто за да можете лесно да го префрлите разговорот на финансиите. Споменете му дека штотуку сте ја платиле сметката за вашата кредитна картичка и погледнете ја неговата реакција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *