3 фризури идеални за топлите денови: Едноставни, убави и практични

popara3 јули, 20221min00
devojka-830x0 (2)

Летото е најпредизвикувачкиот период од годината кога станува збор за стилизирање на косата. Дамите кои имаат долга коса знаат колку е тешко да ја одржат во текот на летниот период, кога температурите се високи.

Во тие денови, сè што сакате е да ја задржите косата од лицето и вратот, а сепак да изгледате убаво.

Фризурата генерално бара труд, време и талент, но има и такви кои лесно се прават и се многу практични.

Без разлика дали ви треба фризура за работа, дружење или некоја посебна пригода, овие фризури се совршени за се.

1. Високо опавче

Тоа е вечна класика која никогаш нема да излезе од мода. За вечерен изглед, добро исчешлајте ја косата и високо врзете ја опашката.

За подобар ефект, можете да додадете малку лак за коса. Ако одите на прослава, измазнете го предниот дел и малку извиткајте ја опашката.

2. Пунџа

Пунџата е фризура која генерално им одговара на повеќето жени и вечна класика која никогаш не излегува од мода. Со малку умешност и волја, лесно можете да направите дома елегантна пунџа која многумина ќе остави без здив.

3. Плетенки

Без разлика дали имате подолга или пократка коса, секогаш можете да најдете тип на плетенка за вас. Плетенките еволуирале и се направени во безброј облици и стилови. Дамите го сакаат затоа што изгледаат прекрасно, а косата е целосно отстранета од лицето и вратот.