3 TikTоk митови за нега на кожата и 2 лесни трикови кои навистина ѝ помагаат да изгледа помладо и помазно!

4 март, 20220
nega-koze-nega-lica-zena-830x0

На социјалната мрежа TikTok од ден на ден се појавува содржина во која се ветува дека примената на трик ќе доведе до мазна кожа на лицето, бришење на брчките, отстранување на пеги и флеки, подобар тон на кожата…

Австралискиот дерматолог д-р Рајан де Круз издвои три мита за нега на кожата кои се шират на TikTok и три докажани трикови кои навистина даваат резултати.

Мит 1 – Лимфна дренажа како дел од секојдневната нега
Лимфната дренажа на лицето има смисла кога треба да се стимулира лимфната циркулација – по непроспиена ноќ или после консумирање алкохол и висококалорична храна со поголема содржина на сол.

Но, тврди д-р Де Круз, во сите други случаи не е потребна лимфна дренажа на лицето, освен ако не сакате да губите време.

Мит 2 – Масажа со мраз
Масажата со коцки мраз може да ја поттикне циркулацијата, па вашето лице ќе изгледа посвежо и има големи шанси да ги омекнете очните капаци. Но, ако го направите тоа за да се подмладите, ќе се разочарате, тврди дерматологот.

Мит 3 – Домашни маски
Маслото од куркума, лимон, портокал, краставица и кокос имаат антиинфламаторно дејство кога ги јадеме, но дерматолозите не поддржуваат ставање на овие намирници на лицето.

– Аскорбинската киселина што ја содржи цитрусот е корисна, но ако ја ставите директно на кожата, може да ја оштетите, особено ако кожата на лицето ви е чувствителна или склона на акни – предупредува дерматолог.

Трик 1 – вазелинот навистина „работи“
Правилото за нега на кожата кое потекнува од Кореја подразбира секојдневна употреба на вазелин. Иако е неприфатливо некои жени наутро и навечер да ставаат вазелин на лицето, дерматологот тврди дека тоа има смисла.

– Освен што ја хидрира кожата, вазелинот истовремено прави да изгледа позатегнато и помладо – вели д-р Де Круз.

Трик 2 – туширањето на лицето е корисно
Дерматологот Де Круз го поздравува трендот што преовладуваше на почетокот на пандемијата на коронавирус – туширање на лицето наместо класично миење како апсолутно оправдано.

Имено, додека стоите под туш и ја насочувате главата за туширање кон лицето, кожата има можност да впие поголема количина на вода отколку при класичното миење. Во исто време, кожата е подложена на многу блага масажа која ја забрзува циркулацијата, што благотворно делува на циркулацијата на крвта, па лицето ќе биде посензуално и еластично.

– Внимавајте водата да не е премногу топла, бидејќи така ќе се исуши кожата – вели дерматологот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi