4 показатели дека вашиот партнер ве изневерува: Ова се сигурни знаци кои укажуваат на тоа

popara29 март, 20221min00
shutterstock744371542-830x0

Измамата е често составен дел од емотивните односи, но не е секогаш лесно да се забележи

Кога еден од партнерите во емотивна врска сака да „патува“ и да се впушти во прељуба, психолозите и експертите за врски тврдат дека нешто „чкрипи“ во таа врска.

Забележувањето на еден од знаците подолу не мора да значи дека сте измамени. Меѓутоа, доколку забележите два или повеќе „сигнали“, веројатно вашиот партнер нешто крие.

  1. Промена во изгледот и однесувањето

Како што сакате да се покажете во најдобро светло кога ќе запознаете некој нов, така ќе сака и вашиот партнер. Тоа може да биде купување нова облека, промена на фризурата, ненадејна посета на теретана или започнување диета. Сепак, тоа не е доволно за да се донесе заклучок. Понекогаш на луѓето во животот едноставно им е потребна промена во физичкиот изглед за да се чувствуваат подобро.

Кога станува збор за промена на расположението, работите се малку поинакви. Овој знак лесно ќе го забележите доколку вашиот партнер инаку е со позитивен карактер и лесно можете да се договорите за се. Вината создадена од измамата ќе избие од потсвеста. Кога тоа ќе се случи, веројатно ќе имате проблем со комуникацијата, ќе се однесува раздразливо и ќе биде подготвен да се кара многу почесто од вообичаено. Работите кои можеби не пречеле дотогаш, одеднаш ќе бидат предмет за лутина.

  1. Нов мобилен телефон или промена на шифрата за отклучување

Партнерот кој изневерува мора да разговара со нова личност во својот живот и нема да сака да биде фатен. Можно е да го исклучи телефонот кога е со вас или да ја вклучи опцијата да не ѕвони.

Ќе го промени кодот за отклучување за да се увери дека не можете да ги видите неговите пораки во секое време. Друга ситуација е да купи нов телефон. Ако се случи да добие повик во ваше присуство, тој ќе зборува со низок тон и брзо ќе го заврши разговорот.

  1. Купување подароци

Понекогаш се вели дека никогаш не треба да се верува на маж или жена што носи подароци. Иако мажите го прават тоа почесто, и жените купуваат подароци кога чувствуваат вина или грижа на совест.

  1. Помалку интимност

Тоа вклучува физичка и емоционална интомност. Ако партнерот ве изневерува, веќе добива физичка интомност и разговори со личноста со која ве изнецерува. Тоа значи дека ќе сака помалку интимни односи со вас и тоа скоро никогаш не е добар знак.